Крводарителска акција во чест на Тоше во Дом на АРМ
Традиционалната крводарителска акција посветена на Тоше Проески по повод денот на неговото раѓање (25 јануари) ќе се одржува денеска во холот на Дом на АРМ во Скопје од 10 до 17 часот.
Организирана е од Црвениот крст на Град Скопје, Црвен крст Гази Баба, Институтот за трансфузиска медицина, Тоше фан клубот и со поддршка на волонтерите од Клуб 25.
- Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин, соопшти Црвениот крст на Град Скопје.
Денешната ќе биде 12-та крводарителска акција во чест на Тоше (1981-2007). Традицијата почна во 2010 година и оттогаш акции се одржуваат двапати во годината - во јануари и во октомври.
Во изминатите 11 крводарителски акции во спомен на Тоше Проески 3.300 лица дарувале крв.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар