Живот
26. јуни 2018 - 10:29

Крвта не е вода: Внукот на Тоше Проески денеска има 20 години и ќе го наследи својот вујко

Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески, тргна по стапките на својот никогаш незаборавен вујко, кој секогаш му беше голем предизвик.
Kристијан денеска има 20 години и е студент на Факултетот за аудиовизуелни уметности во Скопје. Пред две години, му се укажа прилика да соработува со британскиот продуцент и соработник на Тоше, Енди Рајт, па отпатувал во Лондон.
Се сеќаваме дека Тоше и сам го виде талентот на својот внук, па сними и дует со него.
Во прашање е песната „Му Little One“, која се најде на постхумниот албум на Тоше Проески на англиски јазик, „The Hardest Thing“.