Македонија
23. October 2016 - 13:52

КУД „Дримкол“ од Вевчани на европска турнеја

Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани со концертот што го одржа синоќа во Стара Пазова, Србија, ја почна 10 дневната европска турнеја. Во рамки на турнејата концерт ќе има и на манифестацијата „Денови на македонската култура“, што од 27 до 29 октомври ќе се одржува во главниот град на Литванија, Вилнус.

- Со синоќешниот концерт во Стара Пазова, КУД „Дримкол“ од Вевчани ја почна 10 дневната турнеја со цел презентација и промоција на Македонија преку фолклорната култура и традиција во Вилнус, Литванија. Во рамките на турнејата ќе имаме настапи и во Полска со два два концерти во Здунска Вола и Варшава, информира претседателот на КУД „Дримкол“ Тошо Чочороски.

Публиката, нагласи тој, ќе има можност да се воодушевува со традиционалните македонски игри, изворни песни и носиите од нашите краишта.

- Со оваа турнеја КУД „Дримкол“ уште еднаш го потврдува својот статус- амбасадор на вевчанската и македонската култура и традиција и верно ја оддржува својата мисија и промоција на Македонија низ светот, истакна Чочороски.

Деновите на Македонската култура во Вилнус се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.