Македонија
16. April 2021 - 21:24

Куќен притвор за Рашковски – Обвинителството најавува жалба зашто смета дека ќе влијае на докази и сведоци

Долг ден за Драги Рашковски кој го завршува притворен, но не е во истражниот затвор, туку во својот дом. Случајот со набавката на сообраќаен софтвер му донесе 30 дена домашен притвор, откако судијката Димишкова не го прифати барањето на Обвинителството, Рашковски да биде обезбеден во затворот во Шуто Оризари.

Од судот соопштија дека обвинителството не приложило докази дека екс-генералниот секретар на Владата поседува доволно имот и дека може да избега, како и тоа дека може да влијае на истрагата.

Нешто со што не се согласува обвинителката Трајчева.

Според Обвинителството, со набавка на спорниот сообраќаен софтвер, Рашковски го оштетил буџетот за близу 180 илјади евра. За случајот се осомничени уште три лица, меѓу кои и управителот на “Инвока груп”, Даниел Станчев, кој исто така заработи едномесечен куќен притвор. За останатите двајца вклучени во истрагата определени се мерки на претпазливост.

Трајчева детално го образложи обвинението и најави дека истрагата може да биде проширена во иднина.

По повеќе сомнителни случаи во кои се споменува неговото име, Рашковски си поднесе оставка од функција во кабинетот на премиерот Заев. Истрагата за случајот почна