-->
-->
Кумановец физички нападнал таксист
-->
Секторот за внатрешни работи - Куманово го сомничи 35-годишниот кумановец Д.Ј дека сторил кривично дело „насилство„.
Според полицијата, кумановецот во 6 часот вчера без посебна причина физички нападнал таксист кој бил паркиран на улицата „Сава Ковачевиќ„. Кумановецот со тупаници го удирал по главата, 57-годишниот таксист Д.М, потоа го гаѓал со камења, по што со тупаници и клоци удирал по вратите и прозорците на возилото. Таксистот се здобил со телесни повреди и претрпел штета и автомобилот.
Како што соопшти денеска кумановската полиција, кумановецот заедно со кривична пријава е спроведен до основното јавно обвинителство.
Полицијата соопшти дека и претходно му поднесувала кривична пријава за „насилство„ на 35 годишниот кумановец
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење