Фудбал
2. July 2019 - 11:27

Куп на нации: Два гола на Мане

Садио Мане утна пенал, но потоа даде два гола за Сенегал да стигне до 3:0 победа над Кенија за да го освои второто место во групата Ц на Африканскиот куп на нации, зад Алжир, кои стигнаа до третата победа во низа (убедливи 3:0 против аутсајдерот Танзанија) за пласман во осминафиналето.

Ѕвездата на Ливерпул, Сане имаше шанси да ги донесе Сенегалците во водство во 29. минута од белата точка, меѓутоа неговиот удар беше одбранет од голманот Патрик Мутаси. Напаѓачот на Рен, Исмаила Сар во 63. минута не згреши за водство од 1:0, пред Мане да се „оправда“ за промашениот пенал, со два гола, од кои вториот повторно од белата точка.

Алжир пак, остана „совршен“ на АФЦОН, со убедливата победа од 3:0 над Танзанија, откако фудбалерот на Наполи, Адам Унас постигна два од трите гола во 11 минути во финишот на првото полувреме.

ГРУПА Ц

Кенија – Сенегал 0:3

Танзанија – Алжир 0:3

Табела: 1.Алжир 9, 2.Сенегал 6, 3.Кенија 3, 4.Танзанија 0