-->
-->
Купила крема во аптека, сега се бори за живот - Американка со месеци е во болница поради оваа состојка
-->
Жена од Калифорнија е хоспитализирана во полукоматозна состојба, откако користела крема за лице од Мексико која била натопена со отровен метил-жива.
Нејзиниот син изјави дека таа се наоѓа во болница од јули. Во болница е примена со вкочанети раце и лице, отежната говор и проблеми со одењето, а состојбата и се влошила, пренесува АП.
Власите велат дека жената имала 2,630 микрограми жива на литар крв, што е 500 пати повеќе од прифатливото ниво.
Здравствените работници соопштија дека 47-годишната жена од Сакраменто кремата ја купила во мексиканската држава Халиско.
Живата понекогаш се користи за осветлување на кожата и отстранување на старечките пеги, иако е отровна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација