Курц сака во Австрија да се произведуваат и кинески и руски вакцини
Австрискиот канцелар Себастијан Курц смета дека Европската агенција за лекови (ЕМА) треба да ги провери и руските и кинеските вакцини и изјави дека самиот ќе биде подготвен да се вакцинира со овие вакцини.
Канцеларот за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ истакна дека, откако двете вакцини ќе бидат одобрени, ќе се обиде австриските капацитети да ги направи достапни за производство на руски и кинески вакцини.
-Станува збор за тоа што е можно побрзо да се обезбедат побезбедни вакцини, без разлика кој ги развил, објасни Курц. Тој истакна дека за ова прашање не треба да постојат геополитички табуа.
Канцеларот додаде дека, доколку овие вакцини бидат одобрени, тој ќе биде подготвен да се вакцинира со „Спутник V“ или кинеската вакцина.
-Најважното нешто за вакцините е тие да делуваат, да се безбедни и брзо достапни и за нив не е потребна геополитичка борба, подвлече Курц.
За сегашниот недостиг на вакцини во ЕУ, тој ги обвини проблемите со испораката и брзината на одобрување.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња