Македонија
11. January 2016 - 16:39

Курир: Ременски спроведува брутална партизација и самоволие

Технички Поставената министерка за труд и социјала, Фросина Ременска, почна со брутална партизација пишува порталот Курир.

Ременски разрешила и потпишала отказни решенија 10 директори на центри и јавни уставои, и покрај тоа што според законот за влада, кој произлегува од пржинскиот договор, министерот нема право да го направи ова без согласност од неговиот заменик.

Како што дознава Курир, таа не побарала согласност од Диме Спасов, што значи ваквата одлука не може да има никаква правна валидност.

Како резултат на партизацијата настрадале директорите на Центрите за социјални работи во Скопје, Прилеп, Радовиш, Струмица, Берово, Ресен, Крушево, Гостивар,  директорката на Домот за доенчиња Битола и директорката на специјалниот завод Демир Капија.

Ременски им објаснила на директорите дека се разрешени затоа што немаат потпишано менаџерски договор, иако според членот 106 од законот за социјална работа, менаџерскиот договор не е неопходен за некој да води ваква институција.

Според порталот, ваквата одлука на Ременски е обид да се заплашат вработените, што е практика од моментот кога таа седна на министерската фотеља. Но овој пат таа сериозно ги надминала своите овластувања.