Македонија
25. January 2020 - 16:37

Ла Верита објави пи мерки за Зоран и Вице Заеви - Русковска вели дека не сториле криминал

Екс премиерот Заев и неговиот брат учествувале во поткуп на гласачи за време на изборите во 2014-та, тврди италијанскиот Ла Верита.

Весникот кој на македонската јавност и стана познат минатото лето со снимките за случајот „Рекет“, сега објавува извадоци од посебни истражни мерки.

Тврди дека овие записи кои потекнуваат од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, потврдуваат изборен криминал во кој бил вмешан поранешниот премиер Заев.

„Како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното, бил замешан во купопродажба на гласови во која учествувал и неговиот брат, Вице Заев. Доказите на таквите измами ги добивме кога македонското обвинителство по официјалната пријава, навремено спровело истражни мерки, меѓутоа без да почне судски процес против осомничените“, пишува Ла Верита.

Обвинителката Вилма Русковска потврди дека објавените документи се дел од истрагата која се спроведувала во 2014 и 2015-та година. На распит ги повикала Зоран Заев и неговиот брат но во 2018та случајот е затворен. Русковска вели оти немало докази дека осомничените сториле кривично дело.

„Тоа што објави Ла верита се извадоци од истрагата на обвинителстовото. Кога ќе се видат целите разговори, дело нема“, вели за Сител обвинителката Вилма Рускоска.

Според Заев, случајот за наводни изборни нерегуларности имал политичка позадина бидејќи СДСМ не ги признала тогашните избори.

„Ако имале какви било докази, верувајте 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ, Заев ќе го осуделе. Значи немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат било што, било каков наратив да поднесат обвинение“, изјави Зоран Заев, Претседател на СДСМ.

Италијанскиот весник пак најави дека во следните деновите ќе објавува извадоци од докумените кои ги поседува.