Фудбал
19. November 2016 - 10:56

Лајпциг со пресврт го победи Баер Леверкузен

 
Фудбалерите на Лајпциг продолжуваат со победите во германската Бундес лига. 
 
Во воведниот натпревар од 11.коло, екипата на Лајпциг на гостувањето во Леверкузен го совлада Баер со 3-2, иако домаѓините во два наврати имаа водство. 
 
Со оваа победа и освоените три бода Лајпциг изби на првотп место, пред минхенски Баерн кој вечерва е домаќин на Борусија Дортмунд. 
 
Дербито Минхен ќе се игра каде од 18 часот и 30 минути, а претходно од 15:30 часот ќе стартуваат средбите: Аугсбург – Херта, Борусија Менхенгладбах – Келн, Дармштат – Инголштат, 
Мајнц – Фрајбург и Волфсбург – Шалке. 
 
Последните две средби ќе се играат во недела, а во нив ќе се сретнат, Хофенхајм – Хамбургер и Вердер – Ајнтрахт. 
 
Табела: Лајпциг 27 бодови, Баерн Минхен 24, Хофенхајм 20, Херта 20, Борусија Д. 18, Келн 18, Ајнтрахт 18...