Loading Video...
Фудбал
6. August 2022 - 10:22

Лаказет творец на победата на Олимпик Лион

Во воведниот меч на француската Лига 1, тимот на Олимпик Лион го победи Ажаксио со со 2:1. 
 
Новото засилување Алекснадар Лаказет, беше клучниот играч во победата на домаќините, па откако во 12.минута му асистираше на Тете за водство од 1-0, Лаказет десет минути подоцна ја реализира најстрогата казна за водство од 2-0. 
 
Во 27.минута домаќините останаа без играч помалку откако голманот Лопез доби директен црвен картон, а тоа гостинскиот тим го искористи во 31.минута кога Мањани од пенал намали на 2:1. 
 
Сепак до крајот на мечот резултатот остана непроменет па Лион со три бодови ја започна новата сезона.