Живот
28. November 2022 - 10:22

Лансирањето на кинеското вселенско летало „Шенжу-15“ закажано за утре

Кинеското вселенско летало „Шенжу-15“ со тричлен екипаж е предвидено да биде лансирано утре во 11:08 часот по пекиншко време, од Центарот за лансирање сателити „Џиучуен“ во северозападна Кина, соопшти денеска Кинеската вселенска агенција.

Тројцата тајконаути – Феи Џунлунг, Денг Чингминг и Џанг Лу ќе останат на вселенската станица шест месеци, а кус период на станицата ќе минат заедно со останатите тројца кинески тајконаути од „Шенжу-14“ кои се подготвуваат за враќање на Земјата.

За првпат кинеската вселенска програма овојпат ќе има две летала со екипаж во вселената истовремено, што секако е предизвик, оценуваат кинеските медиуми.