Живот
22. February 2019 - 10:11

Лавот денеска да оди на лекар, за Близнакот поволен љубовен ден – деневен хороскоп

ОВЕН
 
Работа: Успешно ќе ги остварите своите планови и ќе бидете задоволни од исходот на случувањата во текот на денешниот ден.
 
Љубов: Ви се допаѓа личност која делува ладно во комуникацијата со вас.
 
Здравје: Нема проблеми.
 
БИК
 
Работа: Не ви треба сега промена на работното место. Она што го посакувате е стабилизација. Изморени сте од неизвесности.
 
Љубов: Сакате фамилија и брак, но не сте задоволни од односот кој го имате со партнерот.
 
Здравје: Намалете го стресот.
 
БЛИЗНАЦИ
 
Работа: Можно е да не сте подготвени да се посветите на некоја работа онолку колку што би требало, затоа што имате пад на енергија.
 
Љубов: Доколку сте слободни може да очекувате поволен ден за некое ново љубовно познанство.
 
Здравје: Зголемете го внесот на витамини.
 
РАК
 
Работа: Успешни сте во својата работа, и подготвени да вложувате уште повеќе труд за да остварите подобри резултати.
 
Љубов: Ви годи да се посветите на личноста која ја сакате и имате желба да бидете почесто заедно.
 
Здравје: Добро.
 
ЛАВ
 
Работа: Некои грешки ги повторувате и самите себе си дополнително ја комплицирате работата. Пред вас е неповолен ден.
 
Љубов: Можно е саканата личност да покажува незадоволство и да има доста замерки.
 
Здравје: Посетете лекар поради контрола.
 
ДЕВИЦА
 
Работа: Некогаш имате впечаток дека сите важни обврски се само ваша грижа и дека сите други се провлекуваат на ваша сметка.
 
Љубов: Не сте задоволни и сметате дека треба да ја прекинете врската која тргнала во лош правец.
 
Здравје: Мали проблеми со стомакот.
 
ВАГА
 
Работа: Иако имате напорно темпо на работа, чувствувате дека некое работи се вредни за вашиот труд.
 
Љубов: Партнерот покажува дека му значите, но вам ви смета неговата љубомора.
 
Здравје: Кашлица.
 
ШКОРПИЈА
 
Работа: Ве очекува шанса да дојдете до напредување на работа, кое за вас може да биде многу значајно.
 
Љубов: Посакувате нови случувања на љубовно поле, и подготвени сте да превземете иницијатива.
 
Здравје: Внимавајте на своите хормони.
 
СТРЕЛЕЦ
 
Работа: Упорни сте и ќе сторите се она што е до вас за да ги остварите своите цели кои сте ги зацртале денеска.
 
Љубов: Со саканата личност имате мали проблеми во комуникацијата, и многу несогласувања.
 
Здравје: Внимавајте на исхраната.
 
ЈАРЕЦ
 
Работа: Не ви е поволен ден, па можни се мали загуби и негативни промени. Немојте да очекувате премногу.
 
Љубов: Разочарувањето низ кое сте поминале треба да ве направи силни. Време е да смените нешто.
 
Здравје: Главоболка.
 
ВОДОЛИЈА
 
Работа: Имате погрешен впечаток за личноста со која соработувате.
 
Љубов: Караниците со саканата личност се повеќе ве исфрлаат од такт. Пред вас е тежок ден за комуникација и емоции.
 
Здравје: Пад на енергија.
 
РИБИ
 
Работа: Немојте да очекувате премногу добри случувања денеска, затоа што судбината не ви е многу наклонета.
 
Љубов: Доколку сте слободни, може да очекувате да ви се пружи шанса за флертување и почеток на нова врска.
 
Здравје: Воспаление на мускулите.