Свет
20. January 2016 - 21:24

Лавров: Разговорите меѓу сириската Влада и опозицијата треб да почнат овој месец

Разговорите меѓу сириската Влада и опозицијата треба да почнат овој месец, како што е предвидено, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата денеска во Цирих со американскиот државен секретар Џон Кери.

Според Лавров ниту нему, ниту на Кери не им било на ум евентуалното одложување на средбата во Женева, која беше договорена со меѓународно посредство, со почеток на 25 јануари.

Лавров додаде дека главна тема на разговорите со Кери била координацијата во врска со терористичките групи, кои треба да бидат исклучени од политичкиот процес во Сирија, како и постигнувањето на евентуална спогодба, која треба да стапи во сила во моментот кога ќе почнат разговорите во Женева.