Loading Video...
Ракомет
13. January 2021 - 17:02

Лазаров: Пред шампионатот да ни понудеа ваква група сигурно веднаш ќе прифатевме

Машката македонска ракометна репрезентација попладнево отпатува за Египет каде веќе утре ќе го има својот прв натпревар на 24-тото Светско првенство. 
 
Со видно изменет и подмладен состав црвено-жолтите ќе ја започнат битката во првата фаза од шампионатот во која, во рамките од Г групата, редоследно за противници ќе ги имаат селекциите на Шведска веќе утре (14 јануари), па два дена подоцна (16 јануари) против домаќинот Египет, на  18-ти против селекцијата на Чиле, која во рамките од подготовките нашите ракометари два пати ја победија.
 
Прва цел секако е пласман во втората фаза, во која место нема да има само за најслабо рангираната репрезентација. 
 
Инаку ова ќе биде седмо учество на нашата селекција на Мундијалот (петто во низа) откако за прв пат црвено-жолтите на светската сцена настапија во далечната 1999 година токму во Египет, а потоа следеа настапите во Хрватска 2009-та, Шпанија 2013, Катар, Франција и пред две години на Мундијалот во Данска и Германија.
 
Утрешниот натпревар меѓу Македонија и Шведска ќе започне во терминот од 20 часот и 30 минути
 
Инаку Светското првенство започна вечерва со дуелот од нашата група меѓу домаќинот Египет и селекцијата на Чиле.