Фудбал
30. July 2015 - 23:05

ЛЕ: Работнички го победи Трабзон без примен гол

Фудбалерите на Работнички со победа (1-0) без примен гол ќе патуваат на реваншот од 3.коло од квалификациите од Лига Европа кај турскиот тим Трабзон. „Романтичарите“ вечерва на Филип Втори го победија Трабзон со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Блаже Илијоски во 23.минута.

Македонскиот тим во вториот дел имаше уште две шанси за постигне и поубедлива победа, но шансите не ги реализираа Илијоски и Анене.
Реванш натпреварот се игра на 6.август.