Фудбал
14. September 2017 - 23:02

ЛЕ: Вардар немоќен против Зенит

Фудбалерите на Вардар се поразени убедливо со 5-0 во премиерниот натпревар од Лига Европа од рускиот Зенит кој ја потврди фаворитската улога и лесно дојде до победата на Филип Втори. 

Гостите од Санкт Петерсбург уште од самиот почеток ја навестија својата висока класа и отворија со погодокот на Кокорин на самиот почеток од мечот. 
Истиот играч уште еднаш ја потврди својата висока класа  и со својот втор погодок со глава навести  победа на гостите од Русија. 
До крајот на првиот дел Ѕјуба  го повиси водството на недостижни 3-0 за Зенит. 
Во второто полувреме црвено-црните имаше шанса да фати резултатски приклучок преку Николов но овој биеше преку голот. 
На 4-0 зголеми  српскиот интернационалец Бранислав Ивановиќ а конечните 5-0 се дело на Ригони. 
За две недели Вардар гостува кај Розенборг во Норвешка. 
ФОТО: спортмедиа.мк