Технологија
16. July 2015 - 10:58

Легендарниот „Комодоре“ се враќа со целосно нов изглед

Ако сте еден од оние кои пораснавте со легендарниот „Комодоре 64“ или „Амига“, оваа вест ќе ги израдува, а потоа и ќе ве разочара.

Имено, се работи за смартфон наречен „Комодоре ПЕТ“ со Андроид со 5,5 инчен екран, 1,7 гигахерци окта-кор процесор и камера од 13 мегапиксели.

Името е даденп по првиот персонален компјутер на компанијата „Комодоре“ создаден во 1977 година.

Тоа што може да ве израдува е податокот дека апаратот овозможува да ги играте популарните игри за „Комодоре 64“ и „Амига“.

Цената на овој смартфон е околу 300 долари за модел од 16 гигабајти и 360 долари за модел од 32 гигабајти. Ако овој паметен телефон дополнително го зајакнете со микро СД картичка од 32 гигбајти - ќе добиете уред со јачина на „Комодоре 64“.

На пазарите ќе се појави до крајот на месецот, а во почетокот во Европа ќе биде достапен во Италија, Франција, Полска и Германија.