Loading Video...
Кошарка
13. September 2020 - 14:59

Лејкерси се пласираа во конференциското финале

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс е првиот финалист во Западната конференција. 
 
Лејкерси го добија петтиот натпревар од плејофот против Хјустон со убедливи 119-96 со конечни 4:1 во победи се пласираа во конференциското финале.
 
Леброн Џејмс повторно беше најдобриот поединец кај „Езерџиите“ завривајќи го мечот со дал-даб со 29 поени и 11 скокови. 
 
Така по пауза од 10 години Лејкерси повторно ќе играат во конференциското финале во кое за противник ќе го имаат подобриот од дуелот меѓу ЛА Клиперс и Денвер дуел во кој Клиперси во пресрет на вечерашниот меч влегуваат со предност од 3-2 во победи.