Loading Video...
Кошарка
29. November 2022 - 10:52

Лејкерси загубија со тројка во последната секунда: Бостон ја забелеша 17-та победа

Во НБА лигата каде ноќеска беа одиграни 10 натпреварНајинтересниот се одигра во Лос Анџелес, каде Индијана славеше со кош во последната секунда во дуелот со „Лејкерси“. 

 
Канаѓанецот, Ендрју Нембхард беше јунакот на „Пејсерси“ кој со звукот на сирената погоди тројката  за победа со конечни 116-115. 
 
На домаќините не им помогна ниту триото Дејвис, Вестбрук и Џејмс кои заедно постигнаа 70 поени, од кои  Ентони Дејвис 25, Расел Вестбрук заврши со 24, а Леброн Џејмс додаде 21 поен.
 
За Лејкерси ова беше 12-ти пораз сезонава, додека Индијана го впиша 12-тиот триумф.
 
Најдобриот тим во лигата, Бостон стигна и до 17-тата победа. „Селтиски“ пред својата публика го „демолираа“ тимот на Шарлот со 140-105. 
 
Одново најдобар поединец беше Џејсон Тејтјум кој постигна 35 поени, а овојпат имаше поддршка од Маркус Смарт кој на 22 поени придоидаде и 15 асистенции. 
 
Од останатите натпревари ги издвојуваме победите на Денвер над Хјустон во која Никола Јокиќ имаше дабл-дабл со 32 поени и 12 скокови, како и триумфот на Феникс „санс“ на гостувањето кај Сакраменто со 122-117 меч во кој Девин Букер впиша 44 поени и 8 скокови.