Свет
19. January 2018 - 15:03

Летечки Холанѓанец буквално: Вакво нешто не сте виделе досега, ветер ги оддува луѓето на плоштадот

Најмалку три лица загинаа во Холандија во силната бура која рушеше дрвја, превртуваше камиони и го блокираше воздушниот и железничкиот сообраќај, а орканот Фредерика, со налети од ветер со јачина и до 160 километри на час во повеќето делови од Германија целосно го запре воздушниот и железничкиот сообраќај, а властите апелираат до граѓаните да не ги напуштаат становите без нужна потреба.

Најголемо внимание привлекоа снимките од улиците на Холандија и другите држави. Луѓето се обидуваат да ги зачуваат своите велосипеди да не им одлетаат, и и самите имаа проблем да се одржат на земја.

Како што може да се види на снимката, еден Холанѓанец, и буквалнот прелета преку плоштадот носен од ветерот.

https://twitter.com/DamianvanEssen/status/953921129386840064