Летен камп на Црвен крст во виничкото село Лаки
Во организација на Црвениот крст на општина Виница од денеска па во наредните три дена ќе се реализира летен камп, во рамки на програмата за промоција на хуманите вредности на Црвениот крст.
Во селото Лаки, Виничко, 70-тина волонтери на Црвен крст три дена ќе се дружат, но и ќе се едуцираат.
-На кампот учествуваат 70 волонтери на Црвениот крст од Виница, Струмица, Радовиш, Штип, Свети Николе, Пробиштип, Кочани, Велес, Битола и Крива Паланка. Во природниот амбиент на селото Лаки учесниците на кампот ке ги проследат активностите кои се предвидени со програмата за оваа намена, изјави Кирил Цоневски, секретар на Црвен крст од Виница.
Михајло Манасиев, координатор на ПХВ на Црвен крст од Виница истакна дека идејата е борбата против зависности, а учесниците на кампот ќе можат да проследат актуелни предавања, да имаат имаат соодветна едукација.
- За 29 јули е предвидено да се одржи државен камп со учество на сите општински организации на Црвен краст од Макеоднија, изјави Манасиев.
Волонтерите на Црвен крст ги посети и градоначлникот на Виница Емил Дончев кој им посака добредојде и успешна работа и едукација на учесниците.
Инаку волонтерите на Црвен крст Виница се активни во текот на целата година, а со проектите за промоција на хуманите вредности во изминатите месеци ја вратија насмевката на неколку семејства од социјален ризик во општина Виница.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица