Фудбал
11. May 2021 - 9:34

Лев сака да го врати Милер во репрезентацијата на Германија за Евро 2020

Фудбалерот за врска на Баерн Минхен, Томас Милер може да се врати во германската репрезентација.

Според „Билд“ селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев е заинтересиран за враќање на 31-годишниот играч. Тренерот веќе го повикал Милер и му кажал за неговите планови.

Во март 2019 година, Лев објави дека повеќе нема да ги повикува Томас Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс.

Милер оваа сезона одигра 44 натпревари на сите натпреварувања, постигна 15 гола и направи 18 асистенции.