-->
-->
Левандовски: Покажавме дека сме најдобриот тим
-->
Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски изјави дека тој и неговите соиграчи покажале подобра игра и логично го освоиле Купот на Германија.
Баварците го совладаа Баер Леверкузен со 4:2 и го освоија 20-тиот германски куп во својата историја, а на 16 јуни ја освоија својата осма последователна титула во Бундеслигата.
– Покажавме дека сме најдобриот тим и дефинитивно сакаме да го освоиме пехарот. Драго ми е што како тим игравме добро. Во првото полувреме имавме многу добра транзиција од одбрана во напад. На мојот прв гол првата мисла беше: „Само обиди се!“ При вториот гол, Иван Перишиќ ми даде одличен пас и видов дека голманот е малку излезен и јас го совладав, рече Левандовски по натпреварот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море