Левица бара декларација за односите со Бугарија и укинување на мешовитата комисија
Да запре работата на мешовитата македонско-бугарска комисија, а Собранието да го отфрли објаснувачкиот меморандум на Софија за евроинтеграциските процеси на Македонија. Владата да се однесува подржавнички и поагилно да се спротивстави на бугарските позиции што го негираат македонскиот идентитет.
Ова се само дел од 10-те точки на предлог Декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии која во парламентот вчера ја поднесоа двајцата пратеници на Левица.
Меѓудругото, во Декларацијата стои дека македонскиот идентитет, јазик, историја се суверено право на мајкедонскиот народ и тие не можат да бидат предмет на билатерлана агенда или пак, на преговори за членство во меѓународен сојуз или организација.
Од Левица бараат и да се покрене т.н. зелена маса за решавање на правата и статусот на македонското национално малцинство во Бугарија.
Собранискиот спикер Џафери потврди дека Декларацијата е стигната во парламентот, но не откри кога и би била ставена како точка на дневен ред на седница.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе ја разгледаат Декларацијата.
Од власта засега се без реакција за документот на Левица со кој последните случувања на релација Скопје- Софија би влегле и во македонското Собрание.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар