Македонија
6. July 2022 - 12:06

Левица: Власта уфрли провокатори на протестите

Политичката партија Левица обвини дека властите манипулираат со протестите и уфрлаат провокатори.

„Негрижејќи се ниту за граѓаните, ниту за полицијата, Спасовски ги изложи сите во опасност – само за да ги прикажи илјадниците граѓани кои достоинствено протестираат како насилници.

Левица претходно предупреди дека власта ќе уфрли провокатори со фантомки, со цел да се апсат граѓани и да се амортизира револтот кај народот.

И покрај лошите временски услови, илјадници граѓани денес маршираа против новото национално предавство на ДУИ. Тоталитарниот режим се обидува да ја инструментализира полицијата против сопствениот народ, само за да го спасат неизбежниот пад од власт,“ велат од Левица.