Либераниот институт Скопје дел од Европскиот либерален форум
Квалитетот и работата на Либералниот Институт Скопје потврдени на европско ниво преку членството во Европскиот Либерален Форум, асоцијација на над 50 престижни институти, тинк тенкови и здруженија на граѓани од Европска Унија, кои работат на промоција на либералните вредности во Европа со поддршка на Европскиот Парламент, соопштуваат од ЛИС.
– Членството на Либералниот Институт Скопје во ЕЛФ отвара можности за поквалитетна поддршка на процесот на преговарање за македонското полноправно членство во ЕУ, особено имајќи ја предвид важната улога која либералните сили предводени од ЛДП ја имаат на национално и локално ниво. Во соработка со партнерите од ЕУ, Инстиутот ќе работи неуморно да ги етаблира долгорочно вредностите на либералната демократија врз која е изградена самата Унија каде претендираме да бидеме рамноправно интегрирани, вели Санда Крекиќ, директорка на Либералниот Институт Скопје.
На Генералното Собрание на Европскиот Либерален Форум за нова претседателка на Форумот е избрана Хилде Ваутманс, европратеничка – членка на Групата Обнова на Европа (Renew Europe), од редовите на белгиските либерали Open-VLD.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење