Македонија
6. May 2020 - 10:13

Лидерска средба кај Претседателот Пендаровски ќе биде одржана на 12 мај

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека СДСМ и власта калкулираат и оставаат простор во спорот со Бугарија за и натаму да калкулираат и тргуваат со македонските национални интереси.

Тој најави дека лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи на 12 мај.

Останува на ставот дека сега не е време за избори, туку за справување на последиците со пандемијата од коронавирусот и во здравствена, но и во економска смисла, иако, како што вели, нема дилема дека кога и да се одржат изборите, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.

Според него актуелната власт лошо се справува со економските последици предизвикани од кризата со коронавирусот. Убеден е дека потежок економски период доаѓа во наредните месеци.