Македонија
16. April 2018 - 16:17

Лидерска средба кога ќе има сериозен напредок, најавува Заев

Нема нешто толку значајно за да има лидерска средба. Премиерот Заев вели дека на преговорите во Охрид не е постигнат некој значаен напредок

Опозицискиот лидер Мицкоски и натаму ја обвинува власта дека не го информира за текот на преговорите.

- Јас по природа сум оптимист. Но, за да бидам оптимист, треба да имам информации за таа тема, кои во моментов ги немам.
Премиерот Заев вели дека е оптимист и дека има прогрес во разговорите, а во исто време дава изјава дека е подготвен да ја заврши кариерата доколку тоа е цената на решавање на спорот. Прво, треба да објасни на што го темели оптимизмот. Ако тоа е нешто убаво, да се радуваме сите. Второ многу поопасно е тоа што тој со ова признава дека е подготвен да донесе решение кое нема да му се допадне на народот, решение за кое е свесен дека ќе значи крај на неговата кариера, што значи и дека концесиите се преголеми, вели Мицкоски во интервју за Република.

И грчката опозиција обвинува за нетпранспарентност. Првиот човек за надворешни работи во Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос повикувајќи се на последното интервју на премиерот Заев побара од прекин на преговорите доколку Македонија не е подготвена да  го смени Уставот.

- По изјавите на Заев, дека Скопје не разговара за промена на Уставот, ниту за име за севкупна употреба, односно ерга омнес, сите Грци се прашуваат: за што преговара владата на Ципрас, Каменос, Коѕијас? Очекуваме конечно одговор, вели Кумуцакос.

Реагираше и грчката Влада. Кабинетот на Коѕијас во писмено соопштение му порача на Кумуцакос да го слуша својот а не премиерот на Македонија