Фудбал
19. December 2015 - 10:36

Лига 1: Ница го прекина постот

Екипата на Ница го прекина постот од четири средби без победа совладувајќи го Монпеље со 1-0 во 19. коло од француската Лига-1.

Во првите 30 минути гледачите видоа по неколку шанси на обете страни а единствено Босали во 31м стрелаше прецизно со што ја искачи Ница на 5. место со 29 бода додека Монпеље има 7 помалку и е 13-ти на табелата.