Loading Video...
Фудбал
19. February 2019 - 15:56

Ливерпул домаќин на Баерн, а Лион ја пречекува Барселона

Вечерва на програмата се два дуели од осминафиналната рунда во фудбалската Лига на шампиони
 
Поголемо внимание привлекува дуелот на „Енфилд“, каде лидерот во англиското првенство Ливерпул го пречекува германскиот првак Баерн Минхен. 
 
Во редовите на Ливерпул поради повреди ќе недостасуваат дефанзифците Џо Гомез и Дејан Ловрен, а поради суспензија ќе го нема Вирџил Ван Дијк. Под знак на прашање е и настапот на Фирмино кој има грип.
 
На спротивната страна „Баварците“ на располагање ќе ги немаат Џером Боатенг, Томас Милер и Арјен Робен, а неизвесен е настапот на Леон Горецка.
 
Во Лион, Олимпик ќе има тешка задача против фаворизираната Барселона, која на располагање го има целиот играчки кадар вклучувајќи го и Французинот, Умтити кој поради повреда паузираше од ноември. 
 
На спротивната страна во тимот на Лион ќе ја нема првата ѕвезда, Набил Фекир.
 
Двата вечерашни дуели ќе започнат од 21 часот, термин во кој утревечер своите први осминафинални средби ќе ги играат и Шалке – Манчестер Сити и Атлетико Мадрид – Јувентус.