Македонија
4. August 2018 - 16:06

Љубанци во шок по убиството на соселанец во Авганистан

Роднини и пријатели кои дошле да ја изразат последната почит, се единствените кои денеска влегоа во домот на семејството Мерџановски во скопско Љубанци. Жителите се во шок по информациите од медиумите дека Илија е Македонецот кој пред два дена беше убиен во Афганистан.

37 годишниот скопјанец заминал со желба да обезбеди средства за да го продолжи приватниот бизнис во родното село. И претходно работел во Афганистан, но ова било неговото последно патување.

Рибникот на крајот од селото сега е затворен.

Илија Мерџаноски според неговите соселани, за Афганистан заминал пред три месеци. Работел како готвач за меѓународната компанија која ги опслужувала и високите државни претставници во земјата.

Од комапнијата Содексо за која работел, според информации на Сител, официјално ги информирале службите во Македонија за смртта и идентитетот, но до потврдата од властите во Кабул тие нема да ја известат јавноста.

Во компанијата Содексо денеска велат дека од понеделник ќе бидат достапни за подетални информации за случајот, изразувајки сочуство до семејствата на тројцата вработени во нивната компанија кои беа убиени.

Покрај Илија, беа убиени и неговите колеги од Индија и Малезија.