Љубојно 100 дена со протести се спротиставува на сечата
Жителите на преспанско Љубојно 100 дена со протести се спротивставуваат на сечата на дабовата шума над селото, предупредувајќи на еколошка катастрофа и уништување на животната средина. Некогашната густа шума денес е претворена во пуст дол. Мештаните предупредуваат дека секое разредување на шумата може да значи зголемен ризик од поплави, и свлечишта.
Мештаните бараат на писмено запирање на сечата на шумата и најавија дека ќе останат на патот кон шумата со протести се додека тоа право не биде заштитено .
Протестите започнаа во август, кога жителите првпат забележаа дека на падините над селото се изведува сеча на дрвна маса.Од Владата претходно најавија дека сите активности на терен се прекинати и дека сечата била предвидена согласно посебниот план за стопанисување со шуми дека станува збор за регуларна сеча согласно сите научни принципи.
Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство заедно со ЈП Национални шуми ја разгледуваат можноста за изменување и дополнување на Посебниот план за стопанисување со шуми за Шумско стопанска единица Пелистер –Брајчино се со цел да се излезе во пресрет на барањата на локалното население.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
