Бизнис
8. December 2016 - 19:37

Лозарите ќе ги добијат парите за откупеното грозје наредната недела

Уште една недела им останува на винариите да ја исплатат првата рата за овогодинешната реколта на грозје. Лозарите очекуваат дека винариите ќе го испочитуваат законскиот рок. Се подготвуваат за следната сезона и како што велат неопходни им се финансиски средства. Сеуште нема официјални информации за тоа колкави количини грозје се откупени со оглед на доцната берба.

Според Аризанов годинава се откупени многу помали количини од очекуваните 180 милиони килограми. Потсети дека винарските визби доцнеле со откупот, што довело до намалување на квалитетот на родот.

Информираше дека лозарите од Тиквешијата го почнале кроењето на виновите лози, а временските услови се идеални за тоа.

Законот предвидува 20 % од грозјето да биде платено до 15 месецов. За винариите што нема да го испочитуваат законот ќе следува парична казна.

Следната исплата треба да биде до 20 февруари, и тоа 40 % од вредноста  на откупената количина грозје.

До крајот на април треба да им биде исплатена последната рата на лозарите.