Фудбал
8. December 2016 - 10:37

ЛШ: Борусија извади реми во Мадрид

Со натпреварите од последното коло во групите Е, Ф, Г и Х заврши првата фаза во Лигата на шампионите. Последни тимови кои обезбедија пласман во осминафиналето се Порто и Севилја.
 
Баер Левверкузен го совлада Монако со 3:0 и ја потврди втората позиција зад фанцускиот тим, додека од Е групата во Лига Европа ќе игра тотенхем кој славеше над ЦСКА со 3:1.
 
Баер поведе со 2:0 со головите на Јурченко и Брант. а конечните 3:0 против Монако ги постави Де Санктис со автогол.
 
ЦСКа преку Дзагоев поведе во Лондон против Тотенхем, но потоа Дел Али и Кејн направија пресврт, а Али со својот вто гол ја потврдфи победата на Тотенхем од 3:1.
 
Табела: Монако 11, Баер 10, Тотенхем 7, ЦСКА 3
 
Реал и Борусија Дортмунд во директен дуел го решаваа победникот во Ф групата, но иако Реал водеше со 2:0 Борусија успа да иззбори нерешен резултат.
 
Бензема ги постигна двата гола за Реал, а за Борусија погодија Обамејанг и Ројс во претпоследната минута од натпреварот.
 
Реал го собори клупскиоот рекорд откако и на 34-от меч во низа не загуби, а Борусија влезе во историјата на ЛШ како првиот тим кој во фазата по групи постигнал 21 гол.
 
Легија е трета во Ф групата, откако со голот на Гиљерме славеше над Спортинг.