Ракомет
27. April 2016 - 21:11

ЛШ: Киелце се избори за Келн

Ракометарите на Киелце први изборија пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите откако вечерва во реванш четгвртфиналето на домашен терен го победија поранешниот европски првак Флензург со 29:28 (57:56 вкупен резултат). Исто како и првиот дуел и во ревнашот се водеше голема борба и најчесто резултатот беше изедначен. Решавачкиот гол го постигна Кшиштоф Лијевски на 20 секунди пред крајот на дуелот.

Михал Јурецки од Киелце со 9 голови беше најефикасен, додека кај Флензбург по 8 постигнаа Расмус Лауге и Ласе Сван.

Другите четвртфинални дуели се играат во текот на викендот:

Веспрем – Вардар (29:26 прв натпревар),

Барселона – Кил (24:29) и

ПСЖ – Загреб (28:20).