-->
-->
ЛШ - квалификации: Познати сите учесници во баражот
-->
Шампионот на Шкотска Селтик по голема борба и со гол од пенал во судиското надополнување на вториот дел над Астана стигна до победата од 2:1 и пласман во следната рунда. Селетик двата гола ги постигна од пенал, додека стрелец за Астана беше македонскиот репрезентативец Агим Ибраими, кој успеа да го изедначи резултатот.
Покрај Селтик оваа рунда од фаворитите успешно ја минаа Монако и Ајакс, додека „киксираа“ Шахтјор, Андерлехт и Олимпијакос.
Резултати на синоќа одиграните натпревари:
Копенхаген – Астра 3:0 (4:1 вкупен резултат);
Стеауа – Спарта Прага 2:0 (3:1);
Хапоел Бер Шева – Олимпијакос 1:0 (1:0);
Јанг Бојс – Шахтјор 2:0 - 4:2 на пенали (2:2);
ПАОК – Ајакс 1:2 (2:3);
Салцбург – Партизани 2:0 (3:0);
Андерлехт – Ростов 0:2 (2:4);
Селтик – Астана 2:1 (3:2);
Легија – Тренчин 0:0 (1:0);
Монако – Фенербахче 3:1 (4:3).
Пласман во баражите во вторникот изборија: Динамо Загреб, Лудогорец, Плзен, Апоел и Дундалк. Извлекувањето на двојките за бараж дуелите ќе се одржи во петок 5.август во Нион.
Поразените екипи од оваа рунда од Лигата на шампионите ќе играат во баражите од Лига Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците