-->
-->
ЛШ: Ливерпул и Реал во битка за пехарот на УЕФА
-->
За љубителите на фудбалот и спортот воопшто вечерва централен настан секако е големото финале во ЛШ помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид кое се игра во Париз. Почетокот на натпреварот е во 21ч кога на теренот ќе истрчаат екипите кои ќе ја заокружат вкупно 20-тата титула во најелитното европско натпреварување.
Нема дилеми дека ова ќе биде дуел на најголемите европски и светски клубови. Кралевите се рекордери со 13 титули во ЛШ додека Ливерпул има 6.
Шпанскиот првак досега потврдил дека е мајстор за финалните пресметки и тоа го докажа пред 4 години кога токму во Киев триумфираше против Ливерпул со 3-1.
Реал ја покажа својата големина со елиминацијата на големите фаворити ПСЖ, Чези и Манчестер Сити што потврди дека Карло Анчелот пред себе има тим кој може да се справи со секаква ситуација.
На спротивната страна е луцидниот Јирген Клоп кој има лек за секој противник и неговиот тим немаше никакви проблеми до финалето елиминирајќи ги Интер, Бенфика и Вилјареал. За Германецот ова е четврто финале кое може да му го донесе вториот трофеј.
Она што е добро за настаните на теренот што двете екипи се комплетни па ќе играат најдобрите. Прогнозите се различно но сите се убедени дека ќе следиме натпревар богат со голови и неизвесност. Останува да видиме дали Шпанија ќе ја слави 14-тата Европска титула на Реал или пак Англија 7-та на Ливерпул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата