Фудбал
28. May 2022 - 20:06

ЛШ: Ливерпул и Реал во битка за пехарот на УЕФА

За љубителите на фудбалот и спортот воопшто вечерва централен настан секако е големото финале во ЛШ помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид кое се игра во Париз. Почетокот на натпреварот е во 21ч кога на теренот ќе истрчаат екипите кои ќе ја заокружат вкупно 20-тата титула во најелитното европско натпреварување. 
Нема дилеми дека ова ќе биде дуел на најголемите европски и светски клубови. Кралевите се рекордери со 13  титули во ЛШ додека Ливерпул има 6.  
Шпанскиот првак досега потврдил дека е мајстор за финалните пресметки и тоа го докажа  пред 4 години кога токму во Киев триумфираше против Ливерпул со 3-1. 
Реал ја покажа својата големина со елиминацијата на големите фаворити ПСЖ, Чези и Манчестер Сити што потврди дека Карло Анчелот пред себе има тим кој може да се справи со секаква ситуација. 
На спротивната страна е луцидниот Јирген Клоп кој има лек за секој противник и неговиот тим немаше никакви проблеми до финалето елиминирајќи ги Интер, Бенфика и Вилјареал.  За Германецот ова е четврто финале кое може да му го донесе вториот трофеј. 
Она што е добро за настаните на теренот што двете екипи се комплетни па ќе играат најдобрите. Прогнозите се различно но сите се убедени дека ќе следиме натпревар богат со голови  и неизвесност.  Останува да видиме дали Шпанија ќе ја слави 14-тата Европска титула на Реал или пак Англија 7-та на Ливерпул.