-->
-->
ЛШ-мажи: Еден пехар - четири желби
-->
Четири екипи од кои само една досега била европски шампион ќе се борат денеска и утре за престижниот пехар во ракометната Лига на шампионите. Келн и „Ланксес Арена“ и оваа година се домаќини на завршниот турнир, а учесници се: полски Киелце, франциски ПСЖ, германски Кил и унгарски Веспрем.
Само екипата на Кил досега била европски шампион и тоа во три наварти (2007; 2010 и 2012 година). Тринаесет екипи по една биле европски шампиони, а најуспешна екипа е Барселона со 9 трофеи.
Откако е воведен овој формат на завршен турнир во Келн, ниту една екипа не успеала да го одбрани трофејот, а тоа ќе продолжи бидејќи европскиот првак Барселона беше елиминирана во четвртфинналето.
Во полуфиналето денеска од 15:15 часот ќе играат Киелце - ПСЖ, а од 18 часот е дуелот на Кил - Веспрем.
Победниците утре ќе играат во финалето кое почнува во 18 часот, а од 15:15 часот е дуелот за третото место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп