Фудбал
9. August 2020 - 10:59

ЛШ: Потенцијалните противници на Силекс од Казахстан, Азербејџан, Израел или Грузија

Силекс имаше среќа и ги избегна силните европски клубови во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите пред понеделничката ждрепка во Нион.
 
Силекс, кој го презеде местото на Вардар во ЛШ откако „црвено-црните“ не успеаја да стигнат до лиценца, е во групата 4 меѓу „не-носителите“ и можни противници му се Астана од Казахстан, Карабаг од Азербејџан, Макаби Тел-Авив од Израел и Динамо Тбилиси од Грузија.
 
Со ждрепка ќе се одреди кој ќе биде домаќин на единствениот меч, а доколку постои забрана за влез во таа земја, ќе се игра во другата.
Извлекувањето е денеска во 12ч.