Фудбал
4. April 2018 - 10:47

ЛШ: Роналдо му пресуди на Јувентус

Со двата гола на Роналдo  и еден на Марсело по асистенцијата на Португалецот Реал однесе убедлива победа од 3-0 на гостувањето во Торино и практично уште на првата четвртфинална средба го елиминира италијанскиот гигант од лигата на шампионите.
Во меч во кој домашните имаа игра но не беа ефикасни главна ѕвезда беше Роналдо кој го задиви гледалиштето со прекрасниот погодок со ножички и има вкупно 15 гола оваа сезона во најелитното европско натпреварување.
Реваншот е за 7 дена во Мадрид.