Луѓето со крвна група А се посебно загрозени од Ковид-19
Германски и норвешки лекари ги потврдија претпоставките на своите кинески колеги дека крвната група има одлучувачка улога во развојот на заболувањата од новиот коронавирус.
Кинески научници на почетокот на март открија дека лицата со крвна група А имаат потешки симптоми на заболување од оние со крвна група О (нулта).
Научници од универзитети во Осло и Кил, врз основа на извршени 1.610 анализи на крвта кај лица со тежок развој на болеста, кои се наоѓаат на респиратори, докажале дека е поголема веројатноста за зараза кај луѓето со крвна група А. Инаку, анализираните примероци од крв се на лица од најпогодените области во Италија и Шпанија.
Истражувањето, предводено од норвешкиот научник Том Карисен и Германецот Андре Франке, покажува дека пациентите со крвна група А имаат двојно поголеми шанси да бидат вклучени на респираторна машина отколку лицата со крвна група О.
Утврдено е дека луѓето со крвна група О имаат поголем заштитен ефект, па поради тоа имаат и помал ризик од зараза.
Професорката по интерна медицина на виенскиот Универзитет, Ренате Хајнц, која подолг период се занимава со поврзување на крвната група и хроничните болести, наведува дека во кардиологијата е познато оти лицата со крвна група А, Б и АБ имаат поголема веројатност да заболат од коронарни болести.
– Шест отсто од срцевите заболувања можат да се поврзат со „неповолна“ крвна група, соопшти Здружението на германски кардиолози.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари