Џет-Сет
2. March 2018 - 10:23

Лука не се одвојува од сопругата: Наташа му ја роди ќерката Катја, а тој и подари дијаманти - не можеше да верува каков подарок доби

Наташа Беквалац се породи во средата попладне и на свет донесе здраво девојче. Гордиот татко присуствувал на породувањето, а кога дошол да ја види сопругата и подари букет цвеќе и накит.

Во семејствата Беквалац и Лазукиќ не може да се скрие среќата што ја добија Катја. Наташа и бебето се чуствуваат одлично, а се уште не се знае кога ќе го напуштат родилиштето. Сепак Лука пронајде начин да ја изненади сопругата која се опоравува од царскиот рез.

-Лука не се одвојуваше од Наташа во ниту еден момент, а присуствуваше и на породувањето. Кога Наташа ја одведоа во собата за одмор по породувањето, тој истрача од болница и брзо се врати. Донесе букет цвеќе и подарок. Ја изненади својата сопруга со дијамантска огрлица чија вредност е неколку илјади евра. Пејачката не можеше да ја сокрие среќата, а пушти и некоја солза радосница, вели изво близок до пејачката.

-Натапа и Лука го видоа бебето и расправаа за тоа на кого личе. Секако дека тоа во овој момент тешко се гледа, но се преслатки кога коментираат. Бидејќи се породи со царски рез, Наташа ќе остане некој ден подолго на клиниката, рече изворот.

-Се помина во најдобар ред. Ја чекаме Наташа да излезе и да прославимем, рече кратко пресреќниот татко.

Гордата мајка на својот Инстаграм профил објави фотографија од родилитетот и порача: „Тешко дека било што од она што го чувствуам со зборови можам да го искажам. Катја ја родив на 28.февруари во 16.27 часот. Ви благодарама на љубовта, убавите зборови и желби, на поддршката. Не постои посреќна жена на светот од мене“.