Македонија
1. July 2022 - 12:42

Лукаревска: Лимитот за поврат на ДДВ за тримесечје ќе се зголеми од 1.800 на 2.100 денари од наредната година

Во координација со министерот за финансии во наредниот период ќе поднесеме предлог за измена на Законот за поврат на ДДВ за физички лица, најави директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

-Мерката „Мој ДДВ“ го слави третиот роденден. Со повратот на дел од данокот на додадена вредност, кај граѓаните вративме 4,2 милијарди денари. Измената на Законот е со цел од 1 јануари во 2023 година, да се зголеми лимитот на поврат на ДДВ. Граѓаните наместо 1.800 денари за тримесечје, да можат да добијат максимални 2.100 денари за скенираните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Со ова даваме дополнителен стимул и кај граѓаните и кај компаниите, објасни Лукаревска.