Свет
28. March 2018 - 11:09

Луксембург го повика на консултации амбасадорот на Русија поради „Случајот Скрипал“

Луксембург денеска соопшти дека го повикал на консултации амбасадорот на Русија поради нападот врз поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипл во Велика Британија.

- Владата на Луксембург се согласува со Владата на Обединетото Кралство дека најверојатно Руската Федерација е одговорна за таквиот акт, се посочува во соопштението на Кабинетот на Луксембург.