Свет
4. May 2017 - 17:00

Мадрид: При серија експлозии повредени се 15 лица

Најмалку 15 лица се повредени при серија експлозии во хемиска фабрика во периферијата на Мадрид. Три лица се тешко повредени, јави „Би-Би-Си“. 

Над Мадрид се издигнал густ чад, а причината за експлозиите се уште не е позната. 

Службите за итна помош се испратени на самото место. 

Фабриката се наоѓа на 27 километри од Мадрид.