Свет
16. January 2019 - 20:40

Мафијашки пресметки ги тресат туристичките места: Фрлена бомба во култната пицерија во Неапол

Популарната пицерија во Неапол е последна мета на бомбашките напади кои италијанските власти и ги припишуваат на мафијата.

Слабата експлозија пред ресторанот Сорбило во историскиот центар на градот одекна рано утрово причинувајќи помала материјална штета.

Новинсакта агенција АНСА пренесе дека осум локали биле мета на напад во последните денови во Неапол. Властите реагираат дека зад нападот стои неаполската мафија Камора.

Пицеријата на Џино Сорбил, која ја посетуваа голем број туристи, пред пет години изгоре во пожар.