Македонија
17. December 2019 - 18:39

Магла на повеќе патни правци

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради појава на магла вечерва има има на патниот правец Тетово-Попова Шапка и на патиштата во Битола, Прилеп, Охрид, Струга и Ресен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември во сила е и законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.